Четири натпревари казна неиграње за Инграм, три за Рондо, два за Пол

Кошаркарот на „Лос Анџелес Лејкерс“, Брендон Инграм е суспендиран на четири натпревари, неговиот соиграч Ражон Рондо еден помалку, а плејмејкерот на „Хјустон“, Крис Пол ќе пропушти два меча во најсилната кошаркарска лига.

Ова е епилогот од тепачката која се случи звчера за време на натпреварот во „Стејплс Центарот“ во ЛА, каде домаќините беа поразени од „Ракетите“. Сепак, повеќе од резултатот на натпреварот се зборуваше за тепачката меѓу Пол и Ронда, во која се вклучи и Инграм.

Пол по мечот тврдеше дека Рондо го плукнал и неговиот тим го поддржувал, додека од „Лајкерс“ тврдат дека го прегледале снимките од мечот и дека го поддржуваат Ронда, кој изјавил дека не го сторил тоа.