![operacija doktori](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/operacija-doktori.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Срцето од 46-годишниот донор остана неискористено. Иако семејството дало согласнот, покрај бубрезите да биде експлантиран и овој витален орган, сепак, дури четворица пациенти кои се на листата за трансплантација за срце го одбиле органот.
„За жал, не успеавме да го трансплантираме и срцето иако имаше соодветни приматели на листата на чекање. Тие едноставно не беа психички спремни за ваква сложена интервенција“, рече Националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мојсова за СДК.
По првата трансплантација на срце кое го доби 54-годишниот Иван од Скопје на Државната кардиохирургија, лекарите од скопските клиники испишаа историја и упатија апел за подигнување на свеста кај граѓаните за донирање на органи. Но, има и вакви случаи кога пациенти и покрај тоа што се на листа одбиваат.
Бубрезите, пак, од починатиот донор ќе спасат двајца пациенти кои одат на дијализа. Во тек е трансплатација на бубрег кај 35-годишна пациентка а втората операција ќе биде веднаш потоа.
Фото: Пиксабеј