Најмалку четири сириски војници загинаа, 16 се повредени во воздушниот напад на коалицијата предводена од САД врз сириска воена база во западна Сирија, соопшти денеска Сириски центар за мониторинг на човекови права, пренесува Ројтерс.
Центарот со седиште во Лондон наведе дека цел на воздушниот напад на меѓународната коалиција бил воен камп во западната сириска провинција Деир Езор, оддалечен околу два километри од подрачјето кое е под контрола на ИД.
Прв пат при бомбардирање на коалицијата предводена од САД, која повеќе од една година напаѓа цели на ИД во Ирак и во Сирија, загинаа припадници на сириската армија, изјави Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.