![avtobus soobrakajka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/avtobus-soobrakajka.jpg?resize=696%2C431&ssl=1)
Четири лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 10.50 часот.
На регионалниот пат Велес – исклучок за с.Мамутчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од с.Горобинци, светиниколско и запрежно возило, управувано од И.З.(75) од Велес.
-Во несреќата И.З. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во запрежното возило С.У.(65) од Велес, возачот И.С. и сопатничката во неговото возило В.С.(74) од с.Горобинци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, информира МВР.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес.