Четвртолигаш го елиминираше Марсеј под францускиот куп

Фудбалерите на четвртолигашот Кане Русијон приредија во неделата сензација победувајќи го францискиот великан Олимпик Марсеј со 2:1 во 16-финалето од националниот куп.

Кане Русијон во моментов се наоѓа на 12-то место во една од четирите групи на четвртата лига во францускиот фудбал и пласман во осминафиналето од националниот куп е најголемиот успех во историјата на ова натпреварување.

Донашните поведоа во 21 минута со голот на Жереми Шостераро, а во 38 минута израмни Аркадиуш Милик. Се очекуваше дека Марсеј во продолжението ќе го засили темпото за да ја осигури победата. Меѓутоа, смелите домаќини со погодокот на Јоан Баија во 71 минтуа поведоа со 2:1 и до крајот го одбранија резултатот за големата сензација.

За разлика од Марсеј, Лил не дозволи никакво изненадување и на гостувањето го совлада четвртолигашот Газалек во Ажаксо (Ајачо) со 3:1, но два погодика за гостите постигнаа домашни играчи. Стрелци за победниците Дурмел во 9 минута кој постигна автогол, Џека во 71 минута а Липу во 84 минута ја затресе својата мрежа, додека во 87 минута домаќините преку Поле конечно го погодија и противничкиот гол.

Натаму оди и Анжќе кој со 5:0 го порази нисколигашто Клуб Франсискен. Стрелци беа Фѕлгини во 21, Амаду во 45 и 60, Баокен во 53 и Фатар во 87 минута.

Претходно пласман во осминафиналето изборија ПСЖ, Олимпик Лион, Монпелје и Мец, а во понеделник Монако ѝ гостува на Ница во најголемиот дуел од 16-финалето на купот.