Чудесен пресврт на Милан против Јуве, Лече го урна Лацио

Italy 7 july 2020. ANSA / ROBERTO BREGANI

Фудбалерите на Лече изборија извонредно важни три бода во борбата за зачувување на прволигашкиот спас, откако во првиот меч од 31-то коло откако го победија Лацио со 2:1, додека во дербито на „Сан Сиро“ Јувентус, Милан направи голем резултатски пресврт и сигурното водство на гостите го претвори во голем триумф.

Ова беше првпат Милан да постигне четири погодици во мрежата на Јувјнетус дури од 1989 година

„Росонерите“ за само пет минути постигнаа три погодока и минаа во водство откако Јувентус водеше со 2:0, а до крајот ја потврдија победата над големиот противник со уште еден гол со што дојдоа до втората последователна победа и шест натпревари без пораз во низа.

Сите голови падна во вториот дел. Во 48 минута Јуве поведе со мајсторијата на Дирен Рабио. Францускиот играч ја поведе топката од својата половина, мина низ противничката одбрана и одлично погоди од 18 метри. Само шест минути подоцна гостите ја удвоија предноста. Хуан Квардадо со долга топка го проигра Кристијано Роналдо, кој ја искористи збунетоста на Ромањоли и Кјаер и покрај нив погоди за 2:0.

Кога се чинеше дека „Старата дама“ лесно ќе стаса до победата со којашто ќе го направеше се чини конечниот чекор кон освојувањето на новото „скудето“, следеше неверојатниот пресврт на Милан. Златан Ибрахимовиќ во 62 минута од пенал кој го избири Анте Ребиќ намали на 1:2, во 66 израмни Франк Кесии, а веќе следната минита во водство мина Милан со голот на Рафаел Леао. Точка на неверојатниот пресврт и лудото полувреме со дури шест години стави Ребиќ, Алекс Сандро со катастрофални проигрување му ја подари топката на домашниот играч Џакомо Бонавентура, а овој веднаш го проигра хрватскиот играч кој го постигна својот десетти погодок сезоната.

Милан со победата му помогна всушност на Лацио кој загуби од Лече, да остане со какви-такви шанси да го стаса Јувентус. Милан сега привремено е петти со 49 бодови, прв и натаму е Јувентус со 75 бодови, а Лацио останува втор со 68 бодови на седум кола до крајот.

Лацио поведе уште во 5 минута со голот на Фелипе Каиседо, но Лече успеа да напрви резилтат и покрај тоа што не реализираше пенал. Израмни Кума Бабакар во 30 минута, а а во последните моменти од првото полувреме домашните можеа да поведат, но Марко Манкозу го префрло голот. Сепак, веќе во втората минута од второто полувреме (47) Лече стаса до предноста поткако Фавио Лукиони го совлада Том Стракоша. До крајот на мечот гостите притискаа бараа израмнување, но Брзилецот Габриел на домашниот гол правеше чуда. Во третата минута Лацио остана со ирач помалку откако беше исклучен Патрик.

Со оваа победа Лече дојде до 28 бодови и моментално е на безбедното 18-то место, туркајќи ја Џенова на Горан Пандев во моментов на местото од кое се игра во квалификации за опстанок. Но Џенова има меч помалку.

Во среда играат Фиорентина – Калјари, Џенова – Наполи, Торино – Бреша, Рома – Парма, Аталанта – Сампдорија и Болоња – Сасуоло, доека во четврток се среќаваат СПАЛ – Удинезе и Верона – Интер.