
Во првиот натпревар од 12-то коло на германската Бундеслига, во Франкфурт Ајнтрахт и Борусија од Менхенгладбах одиграа 3:3 во натпревар во кој гостите во судиското продолжение надоместија заостанување од два гола.
Клубот од Менхенгладбах во 90 минута имаше резултатско заостанување од 1:3, за во чудесната завршница и двата погодока во втората и во шестата минута од судиското продолжение го избегна поразот. Стиндл на овој натпревар впиша „хет-трик“, бидејќи ги постигна и водечкиот погодок за Борусија во 14 минута.
Ајнтрах прво израмни преку пенал кој во 21 минута го реализираше Андре Силва, кој беше стрелец за водство на домашната екипа само три минути подоцна. Ајнтрах набрзо, во 32 минута го удвои водсвото со погодокот на Ајмен Баркок, но тоа не беше доволно за победа, особено по 81 минута кога црвен картон му беше покажан на Давид Абрахам.
Борусија Дортмунд, во првиот натпревар по отказот кој му го врачи на тренерот Лусиен Фавре, победи на гости кај Вердер Бремен со колот на Марко Ројс во 79 минута, кој прво не реализираше пенал, а потоа топката среќно се одби од него и поентираше од вториот обид. Рафаел Гвереро го постигна водството за „Милионерите“ во 12 минута, а Вердер израмни во 28 минута преку Кевин Мехвалд.
Борусија Дортмунд моментално се качи на четвртата позиција на табелата со 22 бодови, три помачлки од водечкиот Баер Леверкузен, а бод повеќе пред петтиот Волфсбург кој има меч помалку. Вердер засега останува на 13-то место со 11 бодови, но можќе да падне до 15-та позиција.
Меч со возбудлива завршница одиграа и Штутгарт и Унион Берлин, во која домаќинот во последните пет минути спаси бод.
Унион поведе уште во 4 минтуа со голот на Марвин Фридрих, а водството на гостите од Берлин го удвои во 77 минута Таиво Авонији. Сепак, Саша Калајџиќ со двата погодока, во 85 и 90 минута спаси бод.
И Унион Берлин и Штутгарт не ги сменија местата на табелата, односно засега останаа на 6-то и на 7-то со по 18 бодови.
Херта и Мајнц, исто така, ги поделија бодовите, но без постигнат погодок. Херта сега има 13 бодови и е 10-та, а Мајнц останува претпоследен 17-ти со само шест бодови.
Во среда во рамките на ова коло на распоред се натпреварите: Шалке – Фрајбург, Хофенхајм – РБ Лајпциг, Баерн – Волфсбург, Арминија – Аугсбург и Келн – Баер Леверкузен.