
Проблематизирањето на изборот на Ристе Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите, смета техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Тој денеска ќе поднесе барање за мислење до Државната изборна комисија (ДИК).
– Ставрески не е осудуван, ниту против него има постапка или каква било истрага. Напротив, тој е лице кое поседува сертификат „државна тајна“ за информации од доверлив карактер, издаден во периодот кога Спасовски беше министер за внатрешни работи. Не гледам никаква пречка да биде началник на СВР – Скопје и поради можноста различно да се толкуваат законските прописи, планирам да се обратам до ДИК која ќе треба да одлучи и да се изјасни за натамошно нормално функционирање на позицијата на лицето за кое станува збор, вели Чулев.