
Откако јас сум поставен за Министер за внатрешни работи континуирано сме во борба со криминалот. Доега се поднесени низа на кривични пријави. Има поднесено кривична пријава против директорот на јавното претпријатие Македонски шуми, за раководителите на подрчните единици на Македонски шуми во Кичево и во Прилеп, за директорот на РЕК Битола и за директорот на Еуро композит. Тоа е нормално постапување, истакана Министерот Наќе Чулев во емеијата Само интервју на Канал 5 во која тој гостуваше.
Во врска со повикувањето на Директорот на Фондот за здравство Министерот Чулев одговори: Во делокругот на работата на МВР е борбата против организираниот криминал и корупција. Во конкретнит случај се работи за нормална полициска процедура односно врз основа на јавно објавените снимки како лицето Ден Дончев зема парични средства и по повик на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал кое го повика МВР и управата за финансиска полиција, Одделеот за сузбивање на организиран криминал го повика Ден Дончев за да даде дополнителни информации и податоци за објавената снимка.
Постапивме во координација со Обвинителството. На покана на МВР е повикан Ден Дончев кој дојде во ПС Карпош по место на живеење. Беше извршен разговор и потоа си замина. Процедурата е следна, од добиените информации ќе се изготви соодветно известување до Јавно обвинителство, а понатаму зависи од насоките кои ќе бидат од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, појасни Наќе Чилев во врска со денешното повикување на Ден Дончев во полиција.