Американската корпорација „Coca-Cola“ има намера да го намали бројот на брендовите кои ги нуди на глобалниот пазар за околу половина односно на 200, се наведува во соопштението на најголемиот светски производител на пијалаци.
„Компанијата очекува во своето портфолио да вклучува приближно 200 основни брендови, што е намалува за околу 50 отсто од сегашната бројка, а исто така постепено ќе укинува некои од своите производи, како Ziko и Tab“, се наведува во објавата.
Сепак, во документот кој во четврток е објавен на мрежната интернет страница на компанијата, не се прецизира кои брендови ќе бидат напуштени.
Телевизијата CNN во својот прилог по оваа информација, наведува дека во текот на вирутелната конференциска врска во која учествувале инвеститорите и аналитичари, дирекорот на „Coca-Cola“, Џејмс Квинси рекол дека веројатно ќе бидат згаснати брендовите на некои пијалаци. Појаснил дека во многу случаи станува збор за производи кои се произведуваат и пласираат само во некои делови од САД, а не низ целата земја.
Од Coca-Cola појасниле дека имаат намера да се фокусираат на брендовите „со најголем потенцијал за раст на потрошувачката база“.
Претходно во четвртокот американскиот прехранбен гигант извести дека приходите и добивката паднале во третото тримесечје годинава, имајќи предвид дека многу угостителски објекти и кина беа затворени поради пандемијата од коронавирусот.
Приходите на „Coca Cola“ во периодот од јули до спетмеври паднале за 9 отсто, на 8,7 милијарди долари. Добивката по акција, пак, потонала за 33 отсто, на само 40 центи.
Пад забележала продажбата на јавни места за 15 отсто, поблаго отколку во април, месецот кој беше одбележан со најстрогите мерки на затворањето, кога потонала за 50 отсто. „Coca Cola“ остварува околу половината од своите приходи со продажба на безалкохолни пијалаци на јавни места.