Министерството за здравство на Црна Гора прогласи епидемија во пет општини на северот од земјата, поради сѐ поголемиот број заболени од Covid-19, а Институтот за јавно здравје извести за 66 нови случаи на зараза со коронавирусот во земјата, што е рекорден број на заразени во еден дом, а има и две починати лица.
За околу три седмици во Цена Гора се заразија 583 лица, од кои осум починале. Тоа е речиси двојно повеќе заразени отколку во првиот бран кога со коронавирусот беа инфицирани 324 лица, а девет починаа.
„Во моментов во Црна Гора има 90 активни случаи на 100.000 жители“, соопштија црногорските здравствени власти.
За црногорските епидемиолози особено е теша ситауцијата на северот од земјата, каде што според податоците има сѐ поголем број заболени и не може со сигурност да се идентификува изворот на инфекцијата. Поради тоа прогласена е епидемија во пет општини во таа област на границата со Србија, каде што денеска починале две лица заболени од Covid-19.
“Тоа што сѐ поголем број заболени не успеваат со сигурност да го идентификуваат изворот на заразата, укажува на раширена локална трансмисија на вирусот во одредени средини поради што црногорското Национално координативно тело за заразни болести му даде согласност на министерството за здраство да прогласи епидемија од заразни болести на територијата на општините: Бујело Поље, Беране, Петњица, Рожаје и Гусине“, соопшти црногорската влада.
Нациналното координативно тело ги продолжи во вторникот ноќта строгите епидемиолошки мерки за овој дел од Црна Гора за уште две седмици.
Црна Гора, коај стана првата ткн „коран фри“ држава во Европа, прогласи крај на епидемијата во земјата на 2-ри јуни, откако 28 дена со ред не немаше нови случаи на зараза. Вториот бран на заразата започна на 14-ти јуни, кога беа потврдени првите сличаи кај Црногорци кои според тврдењето на тамошните власти се вратиле од Белград каде што присуствувале на дербито меѓу Партизан и Црвен ѕвезда кое го гледаа 25.000 луѓе. Подоцна ново жариште се јави во Рожаје, на границата со Србија, одделечен 60 километри од Нови Пазар, каде што е драматична ситуацијата, а со кој имаат силни роднински и трговски врски.