Црногорската дипломатија објави дека не разговарала за правење пакт против Србија

Црногорското Министерство за надворешни работи (МНР) овајви во неделата вечерта дека највисоките функционери на Црна Гора со никого не разговарале за основање пакт против која и да е држава во регионот, па така ниту против Србија отфрлајќи ги обвинениејата коишто претходно во неделата ги изнесе официјален Белград.

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, како што претходно пренесоа медиумите во регионот, изјавил дека во текот на своите престои во Црна Гора, Хрватска и Македонија разговарал со челниците на овие држави за создавање пакт кој би и’ се спротиставил на Србија. Српскиот министер за надворешни работи Небојша Стефановиќ оваа изјава ја оцени за непријателски акт насочен кон Србија и нејзините граѓани и повика на дополнителна нестабилност во регионот.

Фунцкионерите на Црна Гора со никој не разговарале за создавање никакви „пактови“ против која и да е држава во регионот, изјавиле од тамошното Министерство за надворешни работи за подгоричката новинска агенција МИНА.

„Црна Гора е посветена на развивањето најдобри можни односи со сите држави во регионот, засновани на принципите на меѓусебната довербна и почитување… Црна Гора се залага за стабилен, сигурен и просперитетен регион втемелен на европските вредности… Јакнењето на регионалната соработка и добрососедските односи е еден од приоритетите на надворешната политика на Црна Гора“, порачуваат од црногорската дипломатија.

Стефановиќ изјави дека повиците за создавње пакт против Србија доаѓат во моменмто која таа е „економски и политички посилна, има поголема улога во светот и може полициски и воено позначително да ги заштити својата територија и својот народ, што го гледа и регионот.

Хоџај во разговорот за загрепски Večernji list објавен во саботата рече дека „во неколку наврати, во текот на престоите во Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарал со челниците на овие држави да создадеме еден пакт кој би и’ се спротиставил на Србија и нивните агресивни политики“. Оцени дека идејата за „голема Србија“ не замрела, како и дека „Србија не сака само да го дестабилизира Косово, туку и целиот регион“.