![crv-sad-stta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/crv-sad-stta-1.jpg?resize=466%2C390&ssl=1)
Новооткирен вид на плочест црв, кој е нападен и штетен за околината, се најде на листата „100 најинвазивни црви“. На жалост на жителите на САД овој црв го најде патот до нив и се појави на Флорида.
Овој вид на црв брзо се репродуцира и воглавно го пренесуваат луѓето. Кога ќе се појави на некоја територија, тој брзо се адаптира и ги напаѓа веќе постоечките црви и другите без рбетници.
Способен е да се качи по дрвја за да го следи, а потоа и улови пленот.
Овој лигав вид е долг 50 милиметри и широк 5 милиметри. Има црна или темно зелена боја со тенка линија по средината, каде обично им се наоѓа устата. Возрасните црви о овој вид обично преживуваат во градинарските саксии и украсните билки.
Дополнителна закана претставува тоа што на Флорида за градините се грижат професионалци кои со пренесувањето на земјата или билките ги пренесуваат и овие црви ширум оваа држава.