На посното петочкото мени денеска имаме црвена руска салата ии медено срце.
Потребни состојки
300 гр грашок
300 гр морков
300 гр пченка
300 гр туна од конзерва
200 гр домашен ајвар
Пипер
Магдонос
Подготовка
Обарете го грашокот, пченката и исечканиот морков, изладете и додате ги во туната. Додадете ајвар и бибер, па сето тоа добро измешајте. Готовата салата украсете ја со исчекан магдонос.
Посно медено срце
Состојки
2 шољи (0,2 л) шеќер
2 шољи вода
3 шољи брашно
1 кесичка прашок за печиво
2 лажички цимет
4 лажички џем од кајсии
Подготовка
Сите состојки измешјте ги убаво и смесата ставете ја во калап да се пече околу 30 минути. Печениот колач измачкајте го со џем. Може и со глазура од чоколадо (100 гр чоколадо за готвење и 3 лажички масло).