![branko crvenovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/branko-crvenovski.jpg?resize=640%2C334&ssl=1)
Видливо е се’ почестото присуство на Бранко Црвенковски во јавноста, најчесто на средби со активисти, пратеници на СДСМ кои важат за негови блиски луѓе, како и проопозициски новинари и колумнисти. Овие средби ги користи да лобира за Стево Пендаровски како кандидат на СДСМ за престојните избори, пишува порталот „Курир“.
Според познавачите, но и на очиглед на јавноста, Бранко Црвенковски повторно активно се вклучува во политиката, овој пат со цел да го протурка Стево Пендаровски за кандидат на СДСМ на Претседател на Република Македнија.
Ова не е ништо невообичаено, ако се земе предвид дека Стево Пендаровски важи за близок соработник и човек од доверба на Бранко Црвенковски.
Пендаровски повеќе од една деценија добива високи партиски и државни функции и на тие функции е именуван речиси секогаш од Црвенковски. Најпрво во 2004 година од страна на мнозинството на СДСМ беше именуван за претседател на ДИК во време кога се спроведоа контроверзните избори на кои Црвенковски стана претседател на државата.
Една година потоа беше именуван за советник за национална безбедност во кабинетот на Црвенковски. По завршувањето на мандатот во 2009 година, Пендаровски заедно со Црвенковски се врати во СДСМ и доби партиски функции во советите на партијата.
Новото раководство на СДСМ засега во јавноста соопштува и други имиња за кандидат, но се чини дека тие се помириле со личниот избор кој што го направил Бранко Црвенковски. Во јавноста цело време се говори дека политиките кои ги води СДСМ се под директива на Бранко Црвенковски, па и изборот Пендаровски да биде претседателски кандидат на најголемата опозициска партија.
Пендаровски беше претседател на ДИК кој што го верификуваше сомнителниот избор на Црвенковски за претседател на Македонија, но и претседател на ДИК во чие време се лажираше референдумот за територијална поделба во 2004, со што се нанесе штета на националните и државни интереси на Македонија.