Дјурант казнет со 50.000 долари за навредување актер

Еден од најдобрите кошаркари на светот во моментов Кавин Дјурант е казнет со 50.000 американски долари поради навредување на познатиот актер Мајкл Рапапорт на социјалните мрежи, објави НБА лигата.

„Казнет е поради користење и навредлив и омаловажувачки говор на социјалните медиуми“ соопштија од кошаркарската НБА лига.

Рапапорт пред неколку дена објави сркирншотови од разговор со Дјурнат во кој кошаркарската ѕвезда му се заканува, и го „чести“ со низа вулгарни навреди кои вклучувале хомофобни и женомрзечки говор.

„Постојано добивам закани и одвратни пораки, но не можев ниту да сонувам дека ќе ги добијам до Дјурант. Лично ми се заканува, ја споменува мојата сопруга и сака да ме тепа. И тоа би требало да биде миленикот на Амррика“, напиша Рапапорт.

Актерот уште на почетокот од сезонава го критикуваше Дјурант, бнидејќи во текот на разговор со поранешните кошаркарски ѕвезди Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, цело време гледал во подот и одговарал на нивните прашања само со по еден збор. Дјурант не сакал да одговара на нивните прашања бидејќи двете легенди со свое место во Домот на славните умееја јавно да го критикуваат, а не е тајна дека актуелната ѕвезда е исклучително чувствителна на критикување и коментирани во врска со неговите игри и однесувањето.

Во меѓувреме открено е дека Дјурант има креирано неколку лажни профили од коишто се брани самиот себеси на социјалните мрежи.

Откако Рапапорт ги објави негвоите пораки, Дјурант се извини

„Жалам што луѓето го видоа говорот со кој се служев. Тоа всушност не е она што сакам луѓето да го видат и слушнат“, напиша играчот на Бруклин Нетс.