Британските научници планираат да го искористат вирусот зика за да ги уништат туморните клетки на мозокот во рамките на експериментот за кој велат дека може резултира со нов начин на борба против глиобастот, најчестиот и најагресивен тумор на мозокот.
Иако повеќето канцерогени материјали кои го зафаќаат мозокот може да се отстранат со хируршка интервенција, тие речиси во секој случај повторно се појавуваат. Една од причините е таа што спорадичните инфилтрирани туморски клетки остануваат во мозокот, дури и по најтемелната операција.
Имено, иако во текот на операцијата неврохирургот многу внимателно го отстранува заболеното ткиво, почнувајќи од центарот на туморот сé додека не се острани израстокот во целост, на клетките на ракот, за жал, тешко може да им се приближи бидејќи неретко „мигрираат“ далеку во соседното и здравно мозочно ткиво. Токму поради тоа доаѓа до појавата на „заостанати“ лоши клетки по операцијата, од кои потоа настануваат новите тумори.
Ширењето на вирусот зика, припадник на семејството флавивируси кои ги пренесуваат комарците од сојот Aedes aegypti, се поврзуваат со порастот на случаите на микроцефалија кај новороденчињата во земјите зафатени со епидемијата, но кај возрасните чијшто мозок во целост е формиран, сиптомите се често многу благи и слични на симптомите на грипот.
Неврохирургот и водач на истражување на Универзитетот Кембриџ Хари Балстрод со колегите го започнал истражувањето за да дознае дали вирусот зика може да ги уништи клетките на глиобластомот на ист начин на кој што го напаѓа и уништува мозокот на фетусот кој е во развој. Тој најави експериментални истражувања на потенцијалите на вирусот зика во лабораториски услови и на лабораториски глувци.
„Вирусот зика ги напаѓа матичните клетки на мозокот во развој кај фетусот, поради што доаѓа до микроцефалија. За тоа да му успее мора да ја ‘прескокне’ крвно-мозочната бариера. Инфекцијата на новороденчињата со вирусот зика е голема глобална зравствена закана и грижа, поради што ќе се концентрираме на дознавањето повеќе одатоци за него за да откриеме и нови методи за лекување. Проучувајќи го, би сакале досегашните сознанија да ги искористиме за да установиме дали можеме со овој вирус да ‘одиме’ на лекување на еден од најтешките видови карцином“, вели Балстрод.
„Се надеваме дека ќе успееме да докажеме дека вирусот зика може да го забави растот на туморот на мозокот во лабораториските тестирања. Доколку утврдиме дека вирусот зика може да ја прескокне крвно-мозочната бариера и селективно да ги нацели мозочните клетки, би можеле да имаме клучни податоци за лекувањето на оваа тешка болест во иднината“, додава научникот.
Клетките на глиобластомот се извонредно слични со клетките на мозокот во развој, поради што научниците веруваат дека вирусот зика би можел да се инјектира во мозокот и на ист начи да ги нападне и уништи клетките на туморот.
Зика вирусот е првпат изолиран во 1947 година кај мајмуни од шумата Зика во Уганда, по што и го добива името, а пота следната година е детектиран и кај комарците од сојот Aedes во истата шума. Редовно се наоѓа во различни животински видови, како орангутаните, слонови, зебри и глодари, а првиот случај на инфекција кај човек е забележан во Нигерија во 1962 година. Откако епидемијата беше евидентирана во Бразил во 2015 година, вирусот зика се прошири во повеќе од 60 земји во светот.