Дали може да се подмладиме

За ова прашање и за процесите на стареење и подмладување одговори има иноваторот Зоран Дрновшек.

Вие сте познат по тоа дека користите алги и ги истражувате алгите, дали се тие можеби основа за младоста?

Самите алги по себе не може да бидат еликсир на младоста, бидејќи во онаа форма која ќе ја купите тие имаат некои недостатоци и се некомплетни, што е карактеристика и за сите други терапии кои сакаат да ја повратат младоста.

Како прво треба да се запрашаме што е стареење?

Стареење е ентропија- неконтролирано случајно пропаѓање на организмот во кој клетките пропаѓаат побрзо од што се регенерираат. Ако одиме со биомедицинскиот поглед ќе видиме дека стареењето е некој „вид“ на „болест.“ Секое влошување на состојбата на организмот, секоја промена на полошо предизвикува и други медицински проблеми и тоа е дефиниција на болест. Основна дефиниција на стареење е дека клетките не се обновуваат во онаа мерка во која би требало во реално време. Колку си постар толку повеќе време треба за да се променат сите клетки во организмот, а некои од нив воопшто не се обновуваат.

Која е суштината на проблемот на стареење?

Суштина на проблемот е тоа дека ние како колонија на клетки, ако така се гледаме, не се обновуваме доволно брзо. Ако сакаме да останеме млади би требало дневно да се раѓаат поголем број на клетки отколку што умираат, но тоа е состојба до околу 25 годишна возраст во просек. Кај некои може и покасно. После 25-та година се оди надолу, што значи дека поголем број пропаѓаат од што се раѓаат. За тоа допринесува и токсичната околина во организмот иако има и многу други причини за стареење. Јас се обидувам да го изолирам главниот проблем за стареење и убеден сум дека можеме да го успориме процесот на стареењето или целосно да го смениме во процес на подмладување.

Кои процеси според вас се важни за подмладување?

Имало многу истражувања на полето на стареење. На пример, во стариот завет се споменува сторост на Ное или Метузалем од 900 плус години. Но тогаш самата околина била чиста без хемикалии и други токсини. Според мене тоа сигурно влијаело на животниот век, секако дека не било само тоа. После тие примери на долговечност, најчесто најмоќните секогаш барале начин да ја одржат младоста. Во модерното време има многу различни пристапи. Според мене два од нив можат да бидат многу поефикасни од тоа што се, доколку станат покомплетни и за тоа може да има решение.

Позната работа е дека ако ги изложиш матичните клетки на додатен кислород тие побрзо се делат што значи дека се раѓаат нови клетки побрзо.

На пример ако матични клетки се изложат на хипербарична комора, процесот на делба може да се забрза. Матичните клетки се раѓаат во коскената срж (иако според нови истражувања тие се раѓаат и во белите дробови) како универзални клетки или омнипотентни и можат да се претворат во било која клетка. Но, таа треба да отиде на некое место, а тоа место треба да се исчисти од некоја клетка која веќе постои, но е дефектна или умира и не е ефикасна. Матичните клетки патуваат низ крвта и за време на тоа патување добиваат информации во кој тип на клетка треба да се претворат и каде треба да се вгнездат. Доколку околината во која се движи клетката е чиста и без влијанија врз информациите кои ги добива, тогаш таа ќе се вгнезди на местото кое треба како здрава клетка, но доколку има блокирање на тие информации тогаш таа може да се вгнезди како деформирана клетка, како и онаа пред неа. Пример за тоа се лузните. Наместо да се променат тие клетки со нови неоштетени, новите клетки ги заменуваат оштетените, но и тие се оштетени, па така лузната си останува.

Дали токсините влијаат на овие клетки?

Токсин е се она коешто влијае на околината на нашето тело т.е. на клетките и со тек на време прави нивна дисфункција. На пример, премалку калиум може да направи проблем, но и премногу калиум исто така. Значи што е токсин е релативна работа. Мали дози на кафе се стимуланс, но преголеми може да имаат негативно влијание.

Токсините не влијаат само на болестите, туку и на процесот на регенерација на организмот. Колку организмот е постар толку повеќе има токсини насобрани и тие токсини не само што го оштетуваат телото, туку и ги деформира информациите на новите матични клетки и прави двоен проблем. Во нашиот организам се менуваат огромен број на клетки на ден, тој број зависи од староста, но за сите клетки важат истите правила.

Така, кога се регенерираме, се регенерираме некогаш на погрешен начин.

Кога ќе се забрза процесот со дополнителен кислород со хипербарична комора,  се забрзува процесот на промена на лоши со добри клетки. Макрофагите како дел од имуниот состав ги убиваат лошите клетки и во процесот на нивна преработка се закиселува таа околина. Киселоста на околината влијае на информацијата која матичната клетка треба да ја добие, преголемата киселост може да го деформира сигналот исто како што може тоа да го направат и токсините. Оние делови од старите клетки кои не можат макрофагите биолошки да ги разградат, како на пример дел од тешките метали или глифосат, алуминиум, жива итн., тие се одложуваат во околната течност. Значи токсините се во состојба да ја деформираат информацијата која матичните клетки треба да ја примат за тоа каде да се сместат и како какви, а доколку тоскините се превисоки дури можат и да ги уништат матичните клетки пред тие да дојдат до целта. Со хипербаричната комора се забрзува процесот на обнова на нови клетки,  но и се забрзува дотокот на токсини од старите клетки кои макрофагите мора да ги уништат за да се ослободи место за новите матични клетки. Затоа тој процес не е комплетен, бидејќи има и позитивен ефект, но и некој негативен.

Што според вас би можело да биде решение?

Доколку се здружат неколку процеси каде еден би го компензирал негативниот ефект на првиот, тоа би било добитна комбинација. Затоа и процесот на хипербарична комора или операција со матични клетки некогаш не прават чуда. Но, ако се реализираат во комбинација со друг процес со кој се намалува киселоста и се прави детоксификација, тогаш тие процеси според мене можат да бидат  поефикасни и би можеле ефектите од тие протоколи да бидат трајни. Така тие процеси ја забрзуваат обновата, но и ја загадуваат околината поради самиот процес на промена на клетките.

Процесот кој јас го користам е комбинација на повеќе процеси. Тој е оксигенација која го забрзува делот на матични клетки, но и детектирање на лошите клетки. Со дополнителна оксигенација здравите клетки го зголемуваат енергетскиот потенцијал за 6-8 пати, а клетките кои се некако оштетени за 1-1.5 пат. На тој начин се прави разлика која имунолошкиот систем може да препознае која клетка е здрава, а која не е и на тој начин ја уништува онаа со помал енергетски потенцијал.

Вториот дел е алкализација. Овој препарат работи како природна сода бикарбона, работи како база, а со тоа влијае на некој начин да спречи да дојдат погрешни информации на новите матични клетки, затоа што во поголем дел ја неутрализира киселоста. Ако околината е чиста матични клетки добиваат права информација.

Третото е пурификација. Кога алгите во себе ги примаат токсините тие ги заклучуваат во себе и не ги исфрлаат во организмот.

Алгите се чистачи на организмот, а не само креатори на кислород.

Кога овие три работи ќе се спојат синергискиот ефект од сите три е многу поголем во насока на регенерација на клетките. Значи секој процес со кој се зголемува бројот на матични клетки и со тоа го забрзува процесот на регенерација предизвикува и негативни ефекти бидејќи при чистење на старите клетки од макрофагите се ослободуваат таксини кои сами по себе спречуваат целиот тој процес да е максимално ефективен. Доколку се прочистат токсините пред и после тој процес, и доколку се намали киселоста на крвта тоа е многу поефективно. Доколку се пристапи само со зголемена оксигенација или додавање на матични клетки тоа е само тој прв дел кој е без чистење. Хипербаричната комора во просек ја зголемува делбата на матичните клетки за 1.3-1.8 пати додека синергискиот пристап на оксигенација, алкализација и чистење го забрзува комплетниот процес на регенерација за 4-8 пати, што значи дека почнуваме да се подмладуваме.

Подмладувањето е можно, одржување на младоста е можно, но сеуште е прашање колку долго.

Секако ова е мое искуство и резултат на некои мои истражувања досега.