Ванила сексот не е никаква новост во светот на интимноста и сексуалноста, но никогаш не престана да биде дел од животот на повеќето парови.
Дефиницијата на овој тип на сексуален однос е обичен, конвенционален секс кој отфрла било каков садо-мазо или фетишизам.
Имено, Хали Либерман, историчарка на сексот и сексуалноста, како и авторка на книгата: „Buzz: Stimulating history of the sex toy“, истакнала дека овој тренд најверојатно го дефинирал движењето од седумдесеттите години на минатиот век.
Бидејќи ванилата е „најобичниот“ вкус на сладолед, а во речникот на Оксфорд е дефинирана како нешто конвенционално и основно, оваа метафора се нашла во називот на едноставниот сексуален однос. Постои и мислење на некои експерти дека овој термин го смислиле луѓе со хомосексуална ориентација, за да ги претстават своите односи како „подеднакво обични“.
„Порано нормалниот секс бил секс за правење бебиња. Порано сè што било покреативно се сметало за ненормално и така луѓето ги поместувале границите“, смета Либерман.
Како изгледа ‘ванила секс’?
Ванила сексот подразбира мисионерска поза, со едно лице, во темница. Според истражувањата, сè повеќе луѓе го класифицираат оралниот секс како ‘ванила’, но аналниот сè уште е табу тема.
Ако имате играчка покрај креветот, не сте љубител на ванила секс!
Интересно е што и покрај тоа што некои го сметаат за монотон, сепак е еден од најпопуларните интимни односи, бидејќи обезбедува сигурност и отсуство на непријатност или какви било непријатни изненадувања.