Дали обвинителството ќе реагира откако бизнисменот Мицевски призна дека го финансирал СДСМ, што не е пријавено во ревиорскиот извештај

Предметот „Талир” продолжи во средата во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски.

Мицевски сведочеше на предлог на обвинителката Ленче Ристоска, па доколку таа убаво го слушна што кажа, ќе мора да преземе атамошни чекори.

Од Мицевски очигледно се очекуваше да биде ставен товар на опозициската партија која поради овој случај е со замрзнат имот долго време. Но, бизнисменот пред судот денеска истакна дека тој го финансирал и СДСМ, а што не е пријавено во ревизорскиот извештај.

Обвинителката Ристоска ја слушна оваа изјава, па истанува да се види дало Основното јавно обвинителство ќе подигне обвинение по допрен глас.

Во спротивно, ќе стане уште појасно дека овие случаи не се водат по закон, туку по нарачка.