Секоја жена барем еднаш во животот се нашла во ситуација да биде љубезна, но во целост неромантична кон некој маж што веднаш тргнува во контранапад и отворено флертува со неа.
Мажите секој знак на наклонетост од страна на припадничките на поубавиот пол го третираат како флерт, вклучувајќи ја и најобичната љубезност.
На пример, секој женски знак на внимание тие го доживуваат сексуално, а се со цел да не им побегне можноста за репродукција, велат експертите за врски.
Дури 90 отсто од жените се нашле во таква ситуација, а феноменот добил и соодветно име – сексуална заблуда.
Според норвешките психолози, тука клучна улога има еволуцијата, а клучна е потребата да не се случи пропуст – ако жената навистина флертува, постои можност мажот со неа да добие деца и понатаму да ги пренесе сопствените гени.
Од друга страна, жените сексуалниот интерес го перцепираат мошне послабо, повторно поради еволуцијата, затоа што ако налета на погрешен маж и остане сама со детето додека тие бараат нови жени, тие ризикуваат сами да го одгледуваат детето без помош од мажот. Покрај тоа, секогаш постои можност да налета некој подобар маж.