![danijela martinovik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/danijela-martinovik.jpg?resize=670%2C400&ssl=1)
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ првпат јавно прозборе за раскинувањето на 24 годишната љубовна врска со колегата Петар Грашо.
За хрватскиот магазин „Глорија“, Данијела наведува дека прекинот бил неизбежен.
-Не можете да го избегнете моментов кој е неизбежен, изјавила пејачката која за врската со Грашо додала дека е „убаво минато“.
По раскинувањето Петар Грашо стапи во врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерка на музичарот Хончи Хуљиќ.