Данска ја исклучи „Johnson&Johnson“ од програмата за вакцинација

Данските здравствени власти одлучија ја исклучат вакцината на „Johnson&Johnson“ од својата програма за имунизација против Covid-19, соопшти тамошното министерство за здравство.

„Данска се отакжува од употребата на вакцината Johnson&Johnson. Властите не веруваат дека придобивките од оваа вакцина ги надминуваат ризиците од појава на згрутчување на крвта“, се наведува во соопштението.

Со тоа данските власти се откажаа од употребата на две вакцини против коронавирусот, на англо-шведската лабораторија „AstraZeneca“ и на американскиот производител „Johnson&Johnson“. Сепак, на граѓаните им е оставено по слободна волја да се имунизираат се една од овие две вакцини.

Исклучувањето на „Johnson&Johnson“ поради случаи на тромбози по аплицирањето на вакцината, на којашто отпаѓа третина од нарачените дози, би можело значително да го забави вакцинирањето на населението.

Уште неколку европски земји претходно одлучија да не ја користат вакцината на „Johnson&Johnson“, загрижени поради појавата на згрутчувања на крвта.

Европската агенција лекови (ЕМА) објави на 20-ти април дека утврдила можна поврзаност меѓу вакцината на „Johnson&Johnson“ и ретки појави на тромози кај возрасни лица кои се вакцинирале во САД. Но акцијата, вообичаено истакна дека ползата од вакцината е поголема од ризикот.