![Men Handball World Championship 2021](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/5964915.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Ракометната репрезентација на Данска е старо -нов светски шампион, откако во финалето на Мундијалот во Египет, во крајно неизвесен натпревар ја победи Шведска со 26:24 (13:13).
Скандинавското дерби понуди атрактивен меч, резултатска нишалка и многу пресврти, а подолгата клупа на Данска им донесе триумф во ова финале. Одбраните на Никлас Ландин во клучните моменти не ѝ дозволија на Шведска да се врати и да и го украде залтото на Данска
Ландин мечот го заврши со 15 интервенции, а кај стрелците тимот го предводеше Микел Хансен со шест и Нилсен со пет гола. Кај Швеѓаните пак, Хампус Ване пак беше најдобар со пет погодоци, пред Лагергрен со четири.
Данска така стана семо четвртата репрезентација во историјата којашто успеала да ја одбрани титулата светски шампион откако триумфирала на претходниот мундијал. Тоа двапат им пошло од рака на Францизите во 2017 и 20915, и во 2011 и 2009 година, на Романците во 1974 и 1970 и во 1964 и 1961 година, а еднаш на Швеѓаните во 1958 и 1954 година.