Управата за јавно здравство на Данска ја потврди во петокот својата претходно одлука за повлекување од употреба на вкацината против коронавирусот на производителот „Johnson&Johnson“ (J&J).
Данска на почетокт од мај стана првата земја којашто ја исклучи од својата програма за масовна имунизација вакцината на „Јohnson&Johnson“. Во април владата во Копенхаген, исто така, го запре и вакцинирањето со вакцината на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ поради појавите на крвни згрутчувања по вакцинирањето.
Европската агенција за лекови (ЕМА) на 20-ти април објави дека утврдила можна поврзаност меѓу вакцината на „Johnson&Johnson“ и ретките појави на создавање крвни згрутчувања кај возрасни лица во САД кои ја примиле оваа вакцина. Но ЕМА притоа истакна дека севкупната полза од вакцината е поголема од ризиците.
Како што пренесе телевизискиот канал TV2, одлуката за повлекување на вакцината била донесена на 3-ти мај. Меѓутоа, но на 31-ви мај од кабинетот на министрите било побарано од здравствената агенција да ја преразгледа одлуката за изземање на вакцината на „Johnson&Johnson“ од програмата за масовна имунизација на населението против Covid-19, со поместувањето на кампањата нанапред.
Исклучувањето на „Johnson&Johnson“ поради случаи на тромбози по аплицирањето на вакцината, на којашто отпаѓа третина од нарачените дози, би можело значително да го забави вакцинирањето на населението. Уште неколку европски земји претходно одлучија да не ја користат вакцината на „Johnson&Johnson“, загрижени поради појавата на згрутчувања на крвта.
Данската програма за вакцинација започна на 27-ми декември минатата година, и требаше да заврши во септеври годинава. Во моментов 53,9 отсто од населението ја примила првата доза од вакцианта. Од 1-ви март, поради намалувањето на бројот нови коронаинфекции, власттие започнаа да ги намалуваат рестриктивните мерки.