Данските власти ги забранија јавните собири со повеќе од десет лица и нареди затворање на рестораните, кафулињата и спортските сали во рамките на привремените мерки за да се ограничи ширењето на коронавирусот, соопшти во вторникот вечерта премиерката Мете Фредерискен.
Сите ресторани, ноќни клубови, кафулиња, барови, гимнастички сали, салони за тетовирање и за фитнес, мора да останат затворени до 30-ти март, порача данската премиерка Мете Фредерискен на прес-конференција.
Продавниците со храна, амбулантите и транспортерите на стоки се изземени од оваа одлука, додаде Фредерискен. Забраната за собирите стапува на сила во среда во 10 часот претпладнето.
„Владата го избра пристапот дека попрво ќе дејствуваме сега, а не подоцна“, рече премиерката.
Данска, како членка на Европската унија, веќе ги презема драстичните мерки во ограничувањето на ширењето на коронавирусот, вклучително и затворање на границите, за повеќето странски посетители, како и затворањето на сите училишта и универзитети.