Данскиот изумител призна дека го „исекол“ телото на шведската новинарка

 

Ексцентричниот дански изумител Петер Мадсон призна дека го „исекол“ телото на новинарката Ким Вал, но и натаму негира дека ја убил.

Сопственикот на подморници, пронаоѓачот и инвеститор, е обвинет за убиството на познатата шведска новинарка, чие искасапено тело е пронајдено во морето, откако последен пат таае видена како заминува на подморница на Мадсон поради интервју.

Мадсон наведе дека и ја отсекол главата и екстремитетите од телото на Вал, откако таа умрела од труење од јаглероден-моноксид, додека тој се наоѓал во другиот дел на подморницата.

Данските медиуми јавија дека, за торзото бил прицврстен „тежок метален предмет“, со цел да го држи на дното на морето.

Мадсон претходно имаше изјавено дека „жива и здрава“ ја испратил Вал од својата подморница, а потоа наведе дека „се случило несреќа во која новинарката настрадала, а подморницата потонала“. Тој истакна дека ја „погребал во морето“.