Дарко Панчев најпосле си ја отвори душата

Поранешниот освојувач на „Златната копачка“ и најдобриот македонски фудбалер во историјата, Дарко Панчев, во ексклузивното интервју кое го даде за најпознатиот фудбалски портал „goal,.com“, откри дека трансферот во италијанскиот калчо гигант Интер, реализиран во 1992 година, е неговата најголема грешка во кариерата.

Во 1991 година, Панчев ја освои престижната награда – „Златна копачка“, како фудбалер на Црвена звезда и заврши на втората позиција во изворот за „Златната топка“ која заврши во рацете на францускиот интернационалец Жан-Пјер Папен.

Благодарение на совршената сезона, Панчев си осигура трансфер во редовите на Интер, но поради низата потешкотии кои ги доживеаа на „Џузепе Меаца“, Македонецот прво во 1993 година беше позајмен на германскиот клуб Лајпциг, а во 1995 година потпиша за Фортуна од Дизелдорф.

Панчев призна дека направил голема грешка со Интер и дека ќе било подобро да прифател некој друга понуда.

  • Трансферот во Интер е мојата најголема грешка. Тоа е така затоа што потпишав за тим во кој веќе имаше лоша атмосфера, тим кој играше дефанзивно. Јас бев странец и луѓето ме гледаа поинаку, не ја добив потребната подршка и затоа имав голем проблем со адаптацијата. Сепак, грешката е само моја, затоа што имав шанса да потпишам за некој друг клуб како што е Реал (М), Барселона или Манчестер Јунајтед. Во тој период и тие беа заинтересирани за моите услуги, откри Панчев за „goal.com“.

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија додаде дека и италијанските медиуми не му помогнале за време на неговиот престој во Милано.

  • Да, апсолутно, медиумите беа престроги кон мене. Не беа ни малку добри, но ќе повторам уште еднаш, ако погледнам наназад, јасно ми е дека италијанските новинари секогаш ќе го штитат Интер, а не мене. Јас бев жртва во цела таа игра, додаде Панчев.

Освојувачот на „Златната копачка“ е убеден дека најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, ќе немале таков совршен ефект доколку играле во 80-те и 90-те години од минатиот век.

  • Роналдо е поголем голгетер од Меси, а од друга страна, Меси е далеку покреативен, има поголемо чувство за играта. Секој кој ја следел играта во изминатите 20-30 години ја има приметено разликата и има забележано дека во моето време, мислам до 2005 година, играчите не беа толку заштитетни, тие беа ставени на тест. Сега се игра со голема садисфакција пред противничкиот гол, затоа што сега се игра поинаку во дефанзивата. Нема толку груби дуели, се внимава на казнениот простор и многу е полесно да се постигне погодок, заврши Панчев.