Професорот Жидас Даскаловски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ ја коментираше програмата на Владата за субвенционирање на вработување на Албанци во приватниот сектор која според него во најмала рака е невообичаена.
Тој за пример ја зема најголемата демократија во светот САД, посочувајќи дека ниту таму државата директно не ги субвенционира компаниите кои ќе примат афромаериканци. Даскалковски забележува дека ваквиот однос на државата кон одредена заедница е дискриминаторски.
„Без попис сега веќе тие политики кои ги носите не се на научна основа, тоа е првиот коментар кој што го имам во врска со предлогот вчера даден од Артан Груби. Невообичаено е на тој начин да се регулира материјата, она што постои во САД е тоа да во одредени ситуации на јавни тендери приватни фирми добиваат повеќе поени ако составот на работниците е од мешан карактер од расна, кај нас би било по етничка линија. Значи, доколку фирмата има повеќе афроамериканци, латиноси, тогаш во одреден сегмент на бодувањето добиваат повеќе поени. Никогаш не станало случај да се меша приватниот сектор со директни субвенции, посебно со вработување на одредена заедница. Така што и од тој аспект е крајно невообичаена оваа предлог мерка“, оцени Даскаловски.