Две огромни лаги на Златко Марин – затворен пливачки базен и спортска сала во Долно Лисиче

„Затворен пливачки базен и спортска сала во Долно Лисиче се две огромни лаги на Златко Марин“, вели на својот Фејсбук статус Дејан Митески.

„Постоечките фудбалски игралишта, изградени во едно друго време се пренаменети за садење. Изградената спортска инфраструктура не можат да ја одржат, од причина што нема бизнис интерес. Уништувањето на Аеродром е на сите нивоа, од хигиена, преку инфраструктура, до образование и спорт. Марин е најголемата катастрофа што му се има случено на Аеродром. Скоро, еднакво на природна непогода“, вели Митески.