Дедо Мразовци се тркаа во Скопје

Традиционалната Дедомразовска трка се одржа вчера напладне со старт на Градскиот плоштад и во должина од два километри.

Пред трката му претходеше загревање на учесниците, а богами ги имаше од сите возрасти. Најбројни беа младите тинејџери и оние нешто над 18 години.

Од организаторот Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје најавија дека за победниците и за сите учесници се обезбедени награди.

На трката повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат на патека во должина од два километра, а за победниците се предвидени награди. Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер и на неа можea да учествуваат и деца во придружба на родители.

По прогласувањето на победниците, имаше и лотарија за исполнување на новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.

Фото: Ѕвонко Плавевски