
Во средата ранот утрото 1 часот по полноќ во кумановското село Матејче, полициски службеници од тамошкото полициското одделение дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но тоа продожило да се движи кон селото Отља.
По кратко време на улицата „11-ти Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од 70-годишниот Д.Ј. од Штип. Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои десет малолетни лица.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.