Делегација на Шуто Оризари на одбележување 75 години од геноцидот врз Ромите

Делегација од Општина Шуто Оризари присуствуваше на комеморација „DIKH HE NA BISTER“ во Краков, Полска, за 75-годишнината од геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, организирана од Советот на Европа, младинската мрежа „Ternipe“ и Документарен центар на Синти и Роми.
– Целта е да се подигне свеста во Европа, особено меѓу младите, не само Роми, туку и останатите граѓани, за геноцидот врз Ромите, соопшти Општина Шуто Оризари.
За сеќавањето  на Денот на геноцидот врз Ромите, Општината во соопштение наведе дека многу малку податоци во историјата се насочени за начинот на кој ромската популација е систематски убивана за време на Втората светска војна.
– Ромите жртви заслужуваат да се споменат, тоа е обично не повеќе од забелешката: Ромите се гледаат како една од „дополнителните групи“, кои претрпеа во тоа време… Ромите не беа „дополнителна група“, тие беа една од клучните целни групи за целосна елиминација од нацистите. До крајот на војната, големината на ромската популација се смета дека беше дури 80 отсто од она што беше на почетокот. Геноцидот на Ромите се спроведе во сите земји во Европа за време на Втората светска војна, пишува во соопштението.
Од Општина Шуто Оризари посочуваат никогаш да не се повтори геноцидот врз Ромите и да не се заборави.

– Ромскиот јазик, нашата култура, традиција, празници и историја се сегменти кои го градат современиот мултикултурализам. Денеска Ромите се граѓани кои се образуваат, работат и интегрираат согласно правните норми на државата. Свесни сме за нашите предизвици и затоа заедно се бориме за економска сигурност, општествена еднаквост, стабилност и пристап во сите сфери, стои во соопштението од Општина Шуто Оризари