Демонстранти, вооружени со пушки и гранати во Алмати, ја демолираа претседателската резиденција, јавија локални медиуми. Резиденцијата е опожарена, а горат и околни згради, додека полицијата по истрели од огнено оружје ја напуштила зградата.
Прекинат е интернет пристап до телекомуникациските услуги, а интернетот не работи во ниту еден дел од градот.
Казахстан четврти ден по ред е погоден од протести поради поскапувањето на горивата. Протести избувнаа на 2-ри јануари во градовите во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а потоа зафатија и други центри.
Претходно во средата претседателот Касим Жомарт Токаев воведе двонеделна вонредна состојба на целата територија на Казајстан, откако таа беше воведена за регионите Мангистау и Алмати.