Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и внукот

Ден откако го погреба синот, израелскиот министер и поранешен воен началник Гади Ајзенкот, во саботата беше објавено дека на боиштетот во Појасот Газа загинал и неговиот внук од сестра.

Израелската војска во петокот потврди дека ден претходниот ден во борби во северниот дел на Појасот Газа загинал 25-годишниот Гал Меир Ајзенкот, постар наредник во резерва. На неговиот погреб во петокот на воените гробишта Херцлија, присуствувале илјадници ожалостени, меѓу кои и израелскиот претседател Исак Херцог.

Ајзенкот на боиштето ден потоа го загуби и внукот Маор Меир Коен. Засега нема други поединости за околностите во кои загинал тој, известува весникот The Jerusalem Post. Се додава дека Маор, кој служел во редовна воена должност, е син на Шерон Ајзенкот — полусестрата на Гади, и Мајкл Мишел Коен. Именувани по нивниот дедо Меир, и Маор и Гал споделувaле повеќе од семејни врски, а го делеле и семејното наследството.

Шеесет итригодишниот Гади Ајзенкот е пензиониран генерал кој беше началник на Генералштабот на Израел од 2015 до 2019 година. Како претставник на Партијата за национално единство, тој е и член на вонредната влада на Нетанјаху формирана откако Хамас го нападна Израел на 7-ми октомври.

Властите го информирале Ајзенкот за загубата на неговиот син додека бил во посета на јужната команда на израелските одбранбени сили (IDF).

Лидерот на опозицијата Јаир Лапид објави фотографија на Гал и Гади Ајзенкот прегрнати во воени униформи.

„Оваа фотографија. Оваа прегратка. Татко и син. И двајцата во униформа. Двајцата војници. И двајцата одговорија на повикот, беа таму кога беше потребно, направија сѐ што треба. Судбината на целата нација е во една прегратка”, напишаa од партијата на  Лапид на социјалните мрежи.