Третиот ден од Мундијалот во Катар започнува во 11 часот. На програмата се четири натпревари, а навивачите ќе уживаат во долг фудбалски ден.
Денеска на терен излегуваат фудбалски мајстори како Лионел Меси, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски, Кристијан Ериксен и други…
Први на терен ќе излезат Аргентинците, од 11:00 часот, а на стадионот „Лусаил“ ќе им се придружат репрезентативците на Саудиска Арабија.
Веднаш потоа Данците ќе ги „нападнат“ Тунижаните. Натпреварот е од 14 часот.
По 44 години, во 17 часот на фудбалскиот терен заедно ќе истрачаат Мексико и Полска. Фудбалскиот ден завршува со натпреварот меѓу селекциите на Франција и Австралија закажан со почеток во 20 часот.