Денот на независноста ќе се одбележи и во Куманово

Со почеток во 11 часот пред споменикот „Жена Борец“ (на градскиот плоштад) во Куманово со свечена програма и полагање цвеќе во неделата ќе биде одбележан празникот 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Централната прослава во исто време започнува во Скопје во Градскиот парк, каде по обраќањето на премиерот Зоран Заев ќе следува музичка програма со: 5+ Бенд, Денсерс јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и диџеј Драган Б. Костиќ