Денска рочишта за случаите „Траекторија“ и „Транспортер“

Во средатата во Кривичниот суд закажани се судења за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), познати под називите „Траекторија“ и „Транспортер“.

Во случајот „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште дваесетина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

На минатото рочиште судијката Добрила Кацарска, која го презеде предметот од Лидија Петровска, рече дека поради жалба нејзината колешка Петровска го дала предметот во Апелација и дека се уште не е вратен. Додаде дека не знае за каква жалба станува збор, за што и од кого е поднесена.