![durant](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/durant.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Денвер славеше на гостувањето кај Феникс со 119-111 во рамки на НБА-лигата. Никола Јокиќ имаше 21 поен и 16 асистенции за Негетс, а Реџи Џексон постигна 20. Кај Санс, Јусуф Нуркиќ имаше 31 поен, но Кевин Дурент со 30-те постигнати поени официјално влезе во ТОП 10 најдобри стрелци во историјата на лигата и го мина Мозес Малоун. Дурент сега има 27.423 поени во НБА.
Во дербито на Источната конференција, Бостон ја победи Филаделфија со 125-119. Џејсон Тејтум беше исклучен во третиот период, но со 21 поен ги водеше Селтикс до победата, а исто толку поени имаше и Дерик Вајт. Ал Хорфорд и Џејлен Браун постигнаа по 20. Кај Сиксерс, кои беа без Жоел Ембид и Тајрис Макси, најмногу се истакна Патрик Беверли со 26 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Орландо – Вашингтон 130-125
Далас – Мемфис 94-108
Торонто – Њујорк 106-119
Њу Орлеанс – Сан Антонио 121-106