Дензел Вашингтон e најноминиран афроамерикански актер за наградата Оскар

Актерот Дензел Вашингтон вчера ја доби својата десетта номинација за наградата Оскар, овојпат за неверојатната изведба во филмот „The Tragedy оf Macbeth“. Со ова тој испиша историја и стана најноминираниот афроамерикански актер за оваа филмска награда.

И покрај сите номинации, 67-годишниот актер има освоено само две златни статуетки. Првиот Оскар го освоил во далечната 1989 година, за споредната улога во филмот „Glory“. Дванаесет години подоцна, во 2001 година тој го освоил Оскарот за најдобар глумец во филмот „Training Day“.

Низ годините, Американската академија за филмски уметности и науки не била многу наклонета кон актерите коишто се Афроамериканци. Досега само четири афроамерикански актери имаат добиено Оскар за најдобар актер – Сидни Поатје во 1964 година, Дензел Вашингтон во 2002 година, Џејми Фокс во 2005 година и Форест Витакер во 2007 година, а само една афроамериканска актерка добила Оскар за најдобра актерка – Хали Бери во 2002 година.

Овогодинешното 94. издание на Оскарите ќе се одржи на 27 март, традиционално во театарот Долби во Холивуд.