Дербито меѓу Вардар и Пелистер без победник, Шкендија и Шкупи со гостински победи

(фото: fkvardar.mk)

Скопски Вардар и битолски Пелистер ремизираа во вечното македонско фудбалско дерби, додека пак Шкендија и Шкупи остварија гостински победи на средбите во рамките од 19.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Актуелниот фудбалски шампион Вардар и покрај сите проблеми, заминувања на играчи и започнување на подготовките во последен момент освои бод против Пелистер на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. „
Црвено-црните“ водеа двапати со головите на Петковски и Мирчевски, додека гостите од Битола два пати израмнија преку Пејаковиќ и Маневски

Лидерот на табелата Шкендија го доби Силекс во Кратово со 2-1 и тоа со автоголот на Драшковиќ и погодокот на Дориев во второто полувреме.

Во Велес пак фаворозираниот Шкупи дојде до трите бода во самиот финиш благодарение на зимското засилување Цветановски кој се најде на вистиското место во 78 минута.

Струга ТЛ и Македонија ЃП ремизираа 1:1 а Беласица беше убедлива кај Ренова со 4:2.

На останатите дуели Ренова беше изненандена од Беласица со 2-4, додека Струга и Македонија ЃП одиграа без победник 1-1.