Има многу непрецизности, многу системски слабости, многу работи се регулираат со други закони, а потоа се нафрлаат во Изборен законик. Овој текст на Изборен законик е менуван веќе 33-34 пати и веќе станува банално да зборуваме за потребата од негова промена.
Ова вечерва го истакна Претседателот на Државната изборна Комисија, Оливер Деркоски во емисијата „Топ Тема“.
-Внатре во самиот Изборен законик има одредби кои се судираат една со друга и не можете да најдете правилно толкување. Сета среќа во ситуацијава е што како ДИК, имаме можност и право да носиме подзаконски акти, упатства, правилници, за некако да го доуредиме, истакна тој.
Дерковски порачува дека треба прецизно доуредување на сите работи.