Десет лица, од кои три се мали деца, ги загубија животите во пожар во двокатна куќа, во петокот утрото по локално време во руралниот источен дел од американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти тамошната полиција.
Пожарот избувнал околу 2,45 часот по времето на американскиот Источен брег, во населбата Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн, крај реката Саскуехана во североисточниот агол на Пенсилванија.
Телата на сите десет жртви се пронајдени во пеплосаната целосно уништена куќа. Меѓу загинатите седум се возрасни лица на возраст од 18 до 78 години, заедно со трите деца – две момченца на пет и шестгодишна возраст и седумгодишно девојченце.
Три возрасни лица успеале да излезат неповредени од куќата во пламен, додава полицијата во своето соопштение.
Засега нема ниту прелиминарни, ниту официјално поединости за околностите и причините за пожарот кој ја уништил двокатната куќа.