Телата на десет лица се извелечени од ледените води крај атлантскиот брег на Канада по потонувањето на шпански рибарски брод, потврдија ноќта кон средата локалните власти.
Од вкупно 24 членови на екипажот на бродот „Villa de Pitanxo“ клој потона во водите крај Њѕфаунленд, само тројца се преживеани, потврдија канадските власти и додаваат дека во тек е копликувана спасувачка операција во услови на поларни ниски температури.
Браја Овенс од Заедничкиот центар за координација на спасувањето во Халифакс, изразил надеж дека сѐ уште би можело да се пронајдат живи и други морнари. Меѓутоа, вели дека временските услови крај островот Њуфаунленд се „предизвикувачки“ со бранови кои достигуваат и до четири метри во восичина и слаба видливост.
Во операцијата на потрага и спасување вклучени те се и авион, хеликоптер и брод на крајбрежната стража.
Претходно во вторникот портпаролката на шпанската влада Изабела Родригез за новинарите во Мадрид изјави дека се стравува дека бројот на смртно настраданите е голем.
Бродот потонал во понеделникот ноќта. Според канадските власти, бродот пловел од Галиција, регион во северозападна Шпанија, во моментот на несреќата. Засега не е позната причината за несреќата.