Десетици илјади Каталонци на собир за независност

Десетици илјади жители на шпанската покраина Каталонија излегоа во неделата на улиците на главниот град Барселона за да побараат независност од Шпанија.

Речиси пет години по неуспешниот обид за отцепување од Шпанија, по што следеа судски процеси против каталонските челници од кои некои се во егзил во странство, собирот во неделата се одвиваше под мотото „Да се вратиме да победиме: Независност!“.

Првично немаше информации од организаторот на собирот, сепаратстичкото граѓанско движење ANC или од полицијата за бројот на учесниците. Меѓутоа, медиумите наведуваат дека имало помалку демонстранти отколку минатата година кога полицијата извести дека учествувале 108.000 луѓе, а ANC тогаш објави дека имало 400.000 лица. Во годините пред пандемијата, повеќе од милиони луѓе учествуваат на ваквите собири.

Можно е да се појавил помал број луѓе поради споровите во сепаратистичкото движење. Во судир се левичарската партија ERC на покраинскиот претседдател Пере Арагонес, којашто е подготвена на преговори со Мадрид, и партијата Junts којашто смета на раскинување со Мадрид. Двете партии инаку се дел од владејачката коалиција во Каталонија.

Првпат по долго време челникот на регионалната влада не учествуваше на собир за независност. Арагонес се повлече откако беше критикуван од ANC. Во кусиот говор Арагонес повторни повика на одржување референдум за независност.

Меѓутоа, владата во Мадрид го отфрла одржувањето на референдумот, откако уште пред пет години Уставниот суд објави дека плебисцит за независноста на некоја од покраините не е предводен со Уставот на Шпанија. Според некои анкети, популацијата во Каталонија, која е индустриски и туристички двигател на шпанската економија со 19 отсто од БДП-то на земјата, е поделена по ова прашање, околу 50 отсто од 7,5-милионскот население сака независност, додека другата половина не сака раздружување со Шпанија.