Десетици илјади варијанти на коронавирусот циркулираат во Русија

Десетици илјади различни варијанти на коронавирусот SARS-CoV-2 циркулираат во Русија, за што сведочи истражувањето на примероците на вирусот кои редовно се добиваат од сите региони во Државниот научен центар за вирологија и биотехнологија, рече неговиот директор Ринат Максутов.

Како што рекол Максутов во интервјуто за агенцијата ТАСС на маргините од маратонот „Ново знаење“ во Новосибирск, сепак, овие мутации незначително се разликуваат од основата варијанта на вирусот и не предизвикуваат сериозна загриженост.

„До денес со сите напори во Русија секвенционирани се повеќе од 7.000 примероци на широкиот геном. Идентификувани се повеќе од 13.000 варијанти, односно вирусот е многу променлив. Зборуваме за десетици илјади различни видови на новиот коронавирус кои циркулираат во Руската Федерација“, додава Максутов.

Додава дека од јуни минатата година во научниот центар „Вектор“ континуирано онлајн ја следи генетската варијабилноста на коронавирусот. Сите субјекти во Русија испраќаат вирусни изолати секој месец, а експертите го утврдуваат присуството на промени, како и степенот на ризиците од нивното појавување.

Уште во април годинава, шефицата на рускиот регулатор „Роспотебнадзор“, Ана Попова, изјави дека во Русија се идентификувани ткн сибирски северозападна мутација на коронавирусот.

Според челниката на научната група за развој на нови методи за дијагностицирање заболувања кај човекот при Централниот истражувачки институт за епидемиологија, Камила Хафизова, нема докази дека новите мутации кои се идентификувани во Русија може да предизвикаат потежок тек на коронавирсуната болет Covid-19.