Десетици илјади Каталонци протестираа во неделата во покраинската престолнина Барселона на повик на здруженијата коишто се залагаат за истапување на богатиот регион од составот на Шпанија, барајќи формирање влада којашто ќе биде решителна да работи на отцепувањето.
Според локалната полиција, најмалку 45.000 луѓе учествувале на протестот под наслов „Република веднаш“ во организација на Каталонското национално собрание, влијателно и моќно здружение кое се залага за независност.
Иако на вонредните парламентарни избори од 21- и декември кои ги распиша централната влада во Мадрид откако ја укина привремено автономијата на Каталонија и ја распушти нејзината покраинска влада победија партиите кои се залагаат за отцепување, не можат да се договорат за составување на регионалната влада, откдако шпанскиот суд му забрани враќање на отстранетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон кој е во егзил во Белгија за да го избегне апсењето.
„Повеќе од два милиона граѓани на Каталонија сакаат каталонска република веднаш“, изјави за новинарите потпретседателот на Каталонското национално собрание, Агусти Алберто.
Минатата седмица водечките две каталонски сепаратистички партии постигнаа договор за отцепувањето, предвидувајќи да го стават на референдум идниот устав на Каталонија.