Италијанските полицајци уапсиле 36 осомничени во голема операција против мафијашкиот клан Мокија во близина на Неапол, соопшти во средата италијанската финанскиска полиција Guardia di Finanza.
Специјалната карабинерска единици на воената полиција во истата операција ставила во домешан притвор уште 16 лица, а на уште пет други им забранила деловно работење, се додава во соопштението.
Финансиската полиција, исто така, спровела две привремени мерки забрана за деловно работење. Истражителите заплениле стока и акции на компании во вкупна вредност од околу 150 милиони евра.
Италијанското правосудство ги обвинува вмешаните за здружување со мафијата, уцени, перење пари и илегално поседување оружје.
Се верува дека кланот Мокија е дел од мафијашката мрежа Камора, од регионот Кампања во јужна Италија, чие средиште е Неапол.