Четириесет и четиригодишниот Британец Робин Хејнс Фишер загина неполн час откако успеа да се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, а со неговата смрт вкупниот број трагични случаи годинсва достигна десет, јави BBC.
Фишер починал при симнувањето, само 45 минути откако стоел на „Покривот на светот“. Се искачил во саботата утрото, но колабирал и починал само 150 метри под врвот, потврдил организаторот на неговата експедиција. И покрај напорите да биде вратен во свесна состојба и давањето кислород и течности, алпинистот не одговарал и водичете јавиле во базниот логор дека Фишер починал.
Претходно во петокот при искачување на Монте Еверест животот го загуби Ирецот Кевин Хајнес. Вториот Ирец, Шејмус Лоулес, се смета загинат, откако претходно оваа седмица паднал на планината. Претходно само во текот на оваа седмица на Монт Еверест загинаа уште четворица планинари од Индија, еден од Непал, еден Австралијанец и еден Американец.
Непалските власти се остро критикувани, бидејќи годинава издадоа за пролетната сезона рекордна 381 дозвола за искачување. Алпинистите поради тоа се заглавуваат во големите гужви на искачувачките траси и мора да чекаат за да можат да се искачат. Седмицава на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа редица за искачување на Монт Еверест. Четириесет и еден тим оваа пролет доби дозвола за качување од непалската страна на Еверест.
Пролетната сезона трае од март до мај, кога времето е и најтопло, облачноста е помала и помали се шансите за снег и дожд. Меѓутоа, оваа година временските услови беа уште полоши отколку инаку, со силни ветрови кои на искачувачите им даваат многу малку време да достапат до врвот. Се создадоа долги редици на тешките делници од искачувањето, а алпинистие мораа во ткн „зона на смртта“ да останат подолго отколку што очекувале. Бројот луѓе на Монт Еверест годинава би можел да го надмине минатогодишниот рекорд од 807 колку што се искачија на смиот врв.