![lenta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/lenta.jpg?resize=682%2C452&ssl=1)
и лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на регионалниот пат Берово-Делчево, во с.Чифлик.
Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управуван од В.М.(22) од с.Тработивиште, делчевско и автомобил „хјундаи галопер“ со беровски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(26) од Берово.
-Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.С.(45) од с.Град, делчевско, сопатник во возилото „фиат пунто“, констатирани во Клиничка болница Штип, велат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово.